На дата-центри ќе се потрошат 31.600 милијарди долари до 2050 година
5 септември 2026
- Глобалните трошоци за центри за податоци би можеле да достигнат 31.600 милијарди долари до 2050 година, за да се задоволи растечкиот апетит во светот за ВИ, проценува ревизорската куќа PricewaterhouseCoopers. Ако развојот на ВИ се забрза, сумата може да достигне 50.000 милијарди долари.
- За споредба: БДП на САД е околу 30.000 милијарди долари.
- САД, со 15.100 милијарди долари, ќе учествуваат со речиси половина од проектираните инвестиции. Следат регионот на Азија и Пацификот со 8.200 милијарди, Европа со 5.600 милијарди, Блискиот Исток со 1.100 милијарди и Африка со 255 милијарди долари, наведува PwC.
- Изградбата на центрите е еднократна инвестиција, но најголем дел од трошоците ќе биде за надградба и замена на чиповите, серверите, системите за складирање и другиот хардвер.
- „Железници. Електрификација. Интернет. Сите бараа огромни количини на капитал и дефинираа ера. Циклусот на инфраструктура на ВИ ги надминува сите три, се ресетира на секои четири до шест години и не му се гледа крајот“, се истакнува во извештајот.
- Прогнозата зависи од тоа колку брзо може да се воспостави сигурно снабдување со електрична енергија за центрите, како и од отпорот на јавноста. Најмалку 75 проекти, во вкупна вредност од околу 130 милијарди долари, беа блокирани или одложени поради спротивставување на локални власти во текот на првите три месеци од оваа година.