- Кај кравар од Мичиген е најден вирус на птичји грип кој го фатил од своите заразени животни.
- Ова е втор таков случај и велат дека ризикот за општата популација е мал, но оној претходниот случај, од март годинава, беше прва ситација кога човек се заразил од таков вирус преку цицач.
- Од 2020 година, во многу земји, вирусот на птичјиот грип се има префлено на дузина животни: кучиња, мачки, мечки, па дури и фоки.
- Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија, но откако од документот беа отфрлени зборовите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“.
- На отстранување на сите референци за македонски идентитет и јазик инсистираа трите најголеми политички групи и европратеници од Бугарија и од Грција.
- Документот на европратеникот од Австрија ги опфаќа клучните предизвици на Македонија на патот кон ЕУ и препораки за напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и зајакнување на демократијата.