- Подaтоците од беспилотното летало на украинските вооружени сили, соборено за време на нападот врз руската претседателска резиденција во Новгорог му беа предадени на претставник на Канцеларијата на военото аташе во Амбасадата на САД, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Декодирањето на податоците од украинскиот дрон недвосмислено потврдуваат дека целта на нападот бил комплексот згради во кои се наоѓа руската претседателска резиденција, изјави Игор Костјуков, началник на Главната разузнавачка управа на Генералштабот.
- Украина демантира дека имале таква операција а официјален Киев тврди дека Русија го има измислено целото сценарио. Нивните разузнавачи сугерираат дека инцидентот ја подготвува јавноста за претстојна голема вооружена провокација на Русите.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.