Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

МНР ќе плати 960 илјади евра за изнајмување коли за Самитот на ОБСЕ

6 ноември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Според Бујар Османи, организацијата на завршниот самит на ОБСЕ во Скопје ќе чини помеѓу пет и осум милиони евра, а речиси целата сума ќе ја плати Македонија како претседавач.
  • МНР ќе плати 960 илјади евра за изнајмување на возила наменети за министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ. Договорот е склучен со компанијата „АБЦ Рент а кар ДООЕЛ Скопје“, како единствен понудувач на огласот.

  • И Сергеј Лавров побарал да се обезбедат услови за негово присуство на самитот ама Османи вика дека таквото барање (на кое Русија има право), има предизвици бидејќи воздушниот простор e затворен за руски авиони.

  • „Нема пари за лекови за пациентите со цистична фиброза, нема пари за дијабетичарите и онколошките пациенти, нема пари за реагенси и нови методи во микробиологијата, што ќе придонесат за порано откривање на сериозни, живото-загрозувачки фунгални инфекции кај најтешките болни, нема пари за наука, за истражувања, нема пари за да купиме медицински, анатомски столици за работните места, со кои ќе му го продолжиме векот на нашиот р'бетен столб... списокот е долг, за што сè немаме пари....ама затоа МНР има пари за да плати 960 илјади евра за наем на возила за самитот на ОБСЕ. Зар е можно ова? Зар е вистина??? За сè нема пари, ама за луксуз имаме....пред кого презентираме некое квази високо ниво? Има ли крај на неконтролираното и непланско трошење на парите во оваа држава? Како е можно досега да не се појави некој политичар, па да рече, од утре ќе функционираме поинаку, ќе тераме со есап!?, пишуваат граѓани по социјални мрежи.

  •  

    За државата да заштеди еден милион евра, пеесетина почесни конзули во Македонија понудија да ги позајмат своите дипломатски возила за потребите на МНР за време на самитот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

     
извор

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА повторно ја нападна Владата поради процесите на дигитализација, овој пат реагирајќи на идејата за воведување дигитални возачки дозволи и лични документи.

  • Здравевски тврди дека со дигиталните документи, кои според неговото толкување го сведуваат човекот на идентификациски број, се брише личниот идентитет и човекот престанува да биде личност.

  • Свештеникот ја споредува дигитализацијата со системот на идентификација на затворениците и логорашите, кои, како што наведува, не биле препознаени по име и презиме, туку по број.

  • Оди и чекор понатаму, поврзувајќи ја дигитализацијата со сатаната и Антихристот. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ КРСТЕНИ ДА НЕ СЕ ЛАЖАТ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ БИДЕЈЌИ СО ТОА ВЛЕГУВААТ ВО ДИГИТАЛНИОТ ЛОГОР НА САТАНАТА И ГО ДОБИВААТ БРОЈОТ НА АНТИХРИСТОТ 666, ЗА КОЈ ШТО Е ПРОРОКУВАНО ВО СВ. ОТКРОВЕНИЈЕ, пишува Здравески на фејсбук.

извор

Почина Мишо Ковач

31 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот далматински и хрватски пејач Мишо Ковач почина на 85 години.
  • Роден е во 1941 година во Шибеник и растен на истата улица од која се дојдени уште двајца хрватски музички великани, Арсен Дедиќ и Вице Вуков. 
  • Со над 20 милиони продадени плочи и куп хитови кои уште се пејат, животот на Мишо Ковач беше испреплатен со спектакуларна слава, преполни стадиони и тешки семејни трагедии. 
  • Се женеше три пати, еднаш со една од најубавите жени во државата, Мис на Југославија, Анита Бутурина.
  • Во 1992 година неговиот 16 годишен син Еди го губи животот под докрај неразјаснети околности. Мишо никогаш не ја прифати официјалната верзија дека се работи за несреќно самоубиство. 
  • Подоцна Мишо Ковач ги губи и мајка му и брат му. После неколкугодишна депресија, во 1999 година се обидува да се самоубие, пукајќи си во гради. Преживува.
  • Разгрлена кошула, наочари, мустаќ, златни ланчиња и дигнати раце. Доволен му беше еден замав со раката за цел стадион да ја допее песната.
  • „Има луѓе кои и за време на животот станале поголеми од себе, од збирот на сите свои плусеви и минуси.
    Дали и колку нивните дела ви биле битни, што мислите за нивниот стил и слични, во други случаи обично важни работи, за таквите калибри не важат. Таквите се баждарени поинаку и не се судат со овоземни мерки.
    Од таквите Хајлендери, ние го имавме Гоце Арнаудов, а Далмација го има Мишо Ковач.
    Повеќекратен шампион во областа на музиката и повеќекратен губитник во областа на животот, Мишо е некој за кој ви е јасно дека колку и да мислите дека грешел, за тоа можат да судат само виши инстанци“, пишавме во воведот на неговото интервју за Оффнет кое го водеше Ноне Ноциќ (види: Моите песни можете да ги игнорирате, сè додека не се вљубите).

Оди сега биди паметен па реши која песна да ја одбереш од него:

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
5

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

6

По цена за околу 60 квадрати во Скопје

Видео
7

Не давајте лесно збор

Балканштина
8

За вечера ќе му направи попара

Видео
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

3

Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

4

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
5

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
6

Почина Мишо Ковач

7

Франција ќе ги оданочува и гигабајтите на интернет

Интернет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од кое по ред срце умре Рокфелер?

We Are The Pehars

Во слава на тегет усисивачот „Слобода“ - Чачак

ЦИА, Ал Каеда, Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy