Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Министерот за образование го симнува прагот за упис во велешката гимназија

27 август 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Наместо создавање на интелигенција, по која оваа образована институција била позната, се бара да се запишуваат ученици со пониски оценки“. Ова е ставот на Наставничкиот совет на најстарата гимназија во земјата, како реакција на барањето на Министерството за образование, да се запишуваат ученици  со послаб успех од оној предвиден со конкурсот.

  • Добивме наредба да ги примиме сите ученици кои конкурирале за прием во Гимназијата. Ова се однесува за третиот уписен рок за учебната 2023/24 година. Длабоко жалам и се извинувам од името на сите колеги, наставници, на сите родители, чии деца имаа успех 59 поени  а беа одбиени во првите два уписни рока, бидејќи тогаш не ги исполнуваа условите по конкурсот распишан од Министерството за образование. А сега ќе мораме да примиме кандидати со по 41 поен, вели професор од гимназијата.

  • Во првиот уписен рок во јуни и јули, во Гимназијата беа запишани 104 ученика кои имаа минимум 60 бода, 84 во настава на македонски јазик и 22 со настава на албански јазик.

извор

Иран? Не се знае

11 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Иранците се наоѓаат меѓу две опции: да бидат охрабрени од заканите на Трамп кон официјален Техеран дека ќе интервенира тргне со масовна пресметка со демонстрантите или да бидат обесхрабрени од заканите на главниот обвинител дека учесниците во протестите ќе се сметаат за „непријатели на бога“, дело што повлекува смртна казна.

  • Оние првите протестираат веќе две недели, западни извори тврдат сè помасовно. Растат и насилствата. Се јавува за преку 160 мртви, беа запалени објекти и по некоја џамија во Техеран и другите поголеми градови. 
  • Реза Пахлави од безбедна далечина од предградие на Вашингтон побара демонстрантите да ги заземат градските центри а тој се подготвувал за враќање во земјата.
  • Екс оперативец на ЦИА за Иран тврди дека ајатолахот има најмногу недела-две додека теократсккот режим се сруши.
  • Техеран го исклучи интернетот толку прецизно и систематски што ни сателитскиот Старлинк на Илон Маск засега не помага.
  • Најбитното на крај: Урсула фон дер Лајен на демонстрантите им порача дека „ЕУ стои со нив“.  
извор

Франција го одложила Г7 за да не му го расипе роденденот на Трамп

10 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Првично закажан за 14 и 15 јуни, самитот на Г7 во Франција е одложен бидејќи американскиот претседател во тој период организира ММА борби за својот 80-ти роденден.
  • Тепачките ќе бидат организирани на 14 јуни во Белата куќа која очекува околу 5.000 гости.
  • Паралелно, се споменува и воена парада со 150 оклопни возила, 50 авиони, тенкови Абрамс и Бредли, со трошоци од 25-50 милиони долари.
  • Поради овие битности, Г7 ќе состанчат од 15 до 17 јуни во местото Евиан, близу границата со Швајцарија.
  • Белата куќа ја поздрави одлуката на францускиот претседател кој „љубезно ги промени датумите за да се прилагоди на распоредот на колегата.“
  • Членките на Групата на седумте се САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија. Нагалено се викаат „лидери на слободниот свет.“

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Њујоршки оглас на денот

Балканштина
2

Прилеп, чекаш да пукне и првиот куршлус?

Македонштина
3

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Мислења
4

Како е „џабе чалам“ на германски?

Разно
5

И тие имаа свој „Балет“

Видео
6

Дечкото кој за грдна пара го донесе Дино Мерлин

Македонштина
7

Синот на Ибрахимовиќ тргна по стапките на Златан

8

Трамп прогласи крај на мултилатеризмот

Мислења
1

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Мислења
2

Трамп прогласи крај на мултилатеризмот

Мислења
3

Иран? Не се знае

4

Дечкото кој со кола уби постара жена избегал од земјата

5

35 години „Сакам да кажам“

6

Аденауер на 150

Мислења
7

Франција го одложила Г7 за да не му го расипе роденденот на Трамп

8

„Ограничената воена операција“ на Доналд Владимирович Трамп

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Њујоршки оглас на денот

Македонштина

Прилеп, чекаш да пукне и првиот куршлус?

Македонштина

Дечкото кој за грдна пара го донесе Дино Мерлин

Медиуми

Логика, медиуми, логика

Македонштина

Данела е на ново место?

Балканштина

Женски, пробајте ова

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зајди, Зајди - Тоше Проески

Порно лига: Оскари

Глупи едни. Името да го вратите.

Додека ние турираме во место

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy