- 68 годишниот актер веќе десет години е трезен во што му помогнала програма на „Анонимни алкохоличари“.
- Јако повлекуел алкохол уште од 80-тите години што на цел свет му стана јасно во 2006-та, од виралната снимка кога беше застанат од полиција за пијано возење: заебан, лут и пијан се развика: „Евреите се криви за сите војни на светов!“ Буљашот цајкан кој тајно го снимал и после за пари ја шитнал снимката, никогаш не одговараше.
- Еден од пресвртните моменти за одлуката да батали алкохол бил ултиматумот од неговата жена: Или јас или доручекот!
- Доручекот му бил шест пива.
- Администрацијата на Трамп ќе скрати воена помош за Македонија, Словачка, Тунис и Ирак во вкупна вредност од 52 милиони долари и ќе ги пренамени за Панама, Перу, Еквадор и Колумбија.
- Военото финансирање Македонија и на другите три земји нема целосно да биде укинато, но не е познато за колку ќе биде скратено.
- „Средствата ќе се користат за борба против нарко-тероризмот во нашето непосредно опкружување и за помош во натамошното обезбедување на Панамскиот Канал“, соопшти Стејт департментот.
- Државниот секретар Марко Рубио минатата недела ги посети Колумбија, Еквадор и Перу и им вети дополнителна поддршка. САД веќе најавија префрлање на приоритетите кон Западната хемисфера.
- Стотици следбеници на Хашим Тачи го нападнаа Хашкиот трибунал и се судрија со полицијата, откако поранешниот лидер на ОВК беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства.
- На плоштадот „Маливелд“ во Хаг полицијата била нападната со стапови и цигли, на што одговорила со бибер-спреј и солзавец.
- Интервенирале и специјалните полициски сили, кои приведувале насилни демонстранти.
- Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе. За воени злосторства се осудени и неговите соработници Јакуп Красниќи (25 години затвор), Кадри Весели (18 години) и Реџеп Селими (13 години).