- Еден портал може да добие најмногу 15.000 евра без ДДВ од една партија, но не е забрането едно правно лице со повеќе портали да добие онолку максимални суми колку што има сајтови.
- На последните избори во октомври, кајмакот од државноплатените изборни реклами го собрале портали водени од човек близок до ДУИ.
- Четирите портали на Рами Мислими од општина Тетово објавувале банери само на ДУИ и добиле максималната сума од 15.000 евра плус ДДВ, односно вкупно 70.600 евра.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.