Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Маск сепак се кандиса да го купува Твитер

4 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во пресврт кој никој не го очекуваше, Илон Маск реши сепак да ја обнови понудата за купување на платформата Твитер, по цената која првично ја понуди (44 милијарди долари).
  • Овој копреникански пресврт доаѓа во фаза на загревање на два паралелни судски процеса: во првиот Твитер го тужи Маск заради откажување на понудата, во вториот Маск го тужи Твитер заради лажно претставување на бројките, односно прикривање на процентот на ботови присутни на платформата.
  • Најновата веста за предомислувањето на Маск инстантно ги поскапи акциите на Твитер за 22%.
извор

И Јутјуб само за возрасни во Австралија

30 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Австралија го додаде и Јутјуб на списокот забранети социјални медиуми за деца, по извештајот дека 37% од тинејџерите пријавиле загрозувачка содржина на најпопуларната платформа за видеа. Забраната на пристап на деца на возраст под 16 години ќе се спроведува од 10 декември.
  • „Децата во Австралија се под негативно влијание на онлајн платформите. Сакам родителите да знаат дека ја имаат нашата поддршка“, изјави премиерот Ентони Албанезе.
  • Се очекува Јутјуб да ја обжали забраната, затоа што не се смета за социјален медиум: „Нашата позиција е јасна. Јутјуб е платформа со видеотека со слободна и квалитетна содржина, која се следи и на телевизори. Не е социјален медиум“.
  • Содржини на Јутјуб во Австралија следат три четвртини од децата на возраст помеѓу 13 и 15 години. Забраната нема да важи за специјализираната верзија YouTube Kids.
извор

Општа тревога за цунами низ Пацификот

30 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Јапонија и Хаваи спроведуваат масовни евакуации поради опасност од цунами низ Пацификот, предизвикани од силниот земјотрес на Камчатка.

  • Потресот со интензитет од 8,8 Рихтерови степени кај Петропавловск е шести според јачина од сите што досега биле регистрирани во историјата. Жариштето било на длабочина од 19 километри. Се очекуваат афтершокови со месеци.
  • Источниот брег на Русија го погодиле бранови од цунами со височина од 3 до 4 метри. Има повредени лица и од брановите и од земјотресот.

  • Првиот удар на северниот јапонски остров Хокаидо бил со бранови од 40 сантиметри, но се стравува и од бранови од 3 метри. Јапонија повика 1,9 милион луѓе да се засолнат подалеку од брегот и на повисоко.
  • Најсилниот удар се очекува на Хаваите, каде што се очекуваат цунами од над 3 метри. Низ Хонолулу вијат сирени. Градоначалникот Рик Бланџарди ги повика жителите да ги следат препораките, да не паничат и да се оддалечат од брегот.
  • Тревога поради можно цунами кренаа и делови од западниот брег на САД, Кина, Индонезија, Филипините, Еквадор и Перу - 13.000 километри на југ од Камчатка.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

И сега ќе го обвинат магарето

Македонштина
2

Грција знае дека не ѝ е чист есапот

Македонски рулет
3

Ќе се најде ли прајач?

Македонштина
4

Да се даде бакшиш за искреност

Македонштина
5

Повеќе од 30.000 навивачи на Партизан подготвуваат реванш за Украинците

6

Како Балканци замислуваат промаја

Балканштина
7

Ок, се важи

Балканштина
8

Каде се туристите?

Канта
1

Откриени цревните бактерии одговорни за мултиплекс склероза

Здравје
2

Дошол од Лас Вегас за да убива по Менхетен

3

Нов Зеланд го ограничува правото на глас

4

Скришно планирале да ни го помрачат Сонцето

Свет
5

Британците Арифи, Џафа и Шакиби групно силувале жена во Сплит

Свет
6

Малку спиење е нездраво, ама и претераното може да биде смртно опасно

Здравје
7

Општа тревога за цунами низ Пацификот

8

Ќе направи ли ЕУ било што за Газа?

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не е романтично, ефикасно е

Македонштина

Ќе се најде ли прајач?

Балканштина

Како Балканци замислуваат промаја

Македонштина

Да се даде бакшиш за искреност

Балканштина

Ок, се важи

Балканштина

Си бараше совет, си го доби

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кумановски урбани легенди

Епска франшиза

Чиниш праву ствар

Апсолутно рапсодично

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy