- „Социјалистичкиот“ градоначалник на Њујорк Зохран Мамдани ги откажа своите планови за зголемување на даноците на имот за 9,5% со кои требаше да ја пополни дупката од 5,4 милијарди долари во градскиот буџет, но ја продолжи битката против милијардерите.
- Мамдани објави дека успеал да го избалансира новиот градски буџет од 124,7 милијарди долари без да ги зголеми давачките за имот, бидејќи обезбедил 4 милијарди државно финансирање.
- Дел од тие пари – околу 500 милиони долари - треба да дојдат од контроверзната мерка за оданочување на милијардерите кои во Њујорк поседуваат „втори домови“ во вредност од над 5 милиони долари.
- Мамдани ја промовираше оваа мерка со видео снимено пред пентхаусот од 238 милиони долари на Кен Грифин, основачот на Цитадел. Милијардерот Стивен Рот ја оцени оваа кампања на Мамдани како „неодговорен и опасен говор што поттикнува омраза кон најбогатите“.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.