- Пратеничката и лидерка на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, бара забрана за Тик-ток во земјава.
- Меѓу предлозите кои ќе ги доставеле во влада (во која се дел од владеачката коалиција) се и забрана на игри и апликации кои промовираат насилство (отидоа Том и Џери на црна листа).
- Знааат ли овдешните либерали дека масовниот убиец Андерс Брејвик кој уби 77 млади лица, во својот „Манифест“ ја цитираше Библијата? И?
- Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, е одложена на барање на одбраната.
- Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид.
- Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека поради обемот на доказниот материјал (231 материјален и седум вербални докази), доказите не биле испратени по пошта, туку биле обезбедени во кутии во судот, од каде што бранителите можат да ги подигнат и да извршат увид.
- Артан Груби се враќа во домашен притвор а обвинетиот Прпарим Бајрами, поранешен директор на Државна Лотарија, не се враќа никаде бидејќи е во бегство.
- Сите обвинети, наместо за проневера во службата, се товарат за друго кривично дело - злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна.
- Во услови на рекордно ниски рејтинзи на претседателот Доналд Трамп на национално ниво, нова проекција покажува дека тој има негативен скор во сите освен во три држави.
- Повеќе луѓе не го одобруваат отколку го одобруваат работењето на Трамп во 47 од 50 држави и Вашингтон.
- Трите држави каде што мнозинството испитаници сè уште го одобруваат претседателот се Вајоминг (+14), Ајдахо (+9) и Западна Вирџинија (+6). Сите три гласаа за него на изборите во 2016, 2020 и 2024 година.
- Најнизок рејтинг Трамп има во Вашингтон (минус 82) како и Мериленд и Вермонт каде е на минус 50.