Мај 2022: Македонците веќе немаат автокефална црква
16 мај 2022
- Светиот архиерејски сабор на СПЦ го поздрави прифаќањето на новиот канонски статус на црквата во Северна Макеоднија а тоа е „статус на најширока можна автономија“.
- Очекуваат дијалог „за идниот и евентуален конечен статус на епaрхиите во Северна Македонија.“
- Во соопштението во кое МПЦ е спомната само еднаш во наводници, се препорачува таа црква да го реши прашањето за своето официјално име во братски дијалог со другите православни цркви.
- Мало резиме: МПЦ веќе не е македонска (согласно писмените ветувања дадени на Вселенската патријрашија) и веќе не е автокефална туку има широка автономија (согласно СПЦ). Победа!
- Автокефалија доаѓа од грчка кованица (αὐτοκεφαλία) која значи „да се мисли со своја глава.“ Оттука, сето ова што се случува со МПЦ има логика.