„Три дена пиев, како да не дувнам толку,“ логицира Марио Ковачек за својот неславен хрватски рекорд, регистриран откако полицијата го сопрела во близина на гробиштата кај Сесвете.
Се славело добивање син на другар, а во меѓувреме се погодила и веридба. Се пиеле пиво и гемишти. Седнал зад волан иако домата му била на километар ипол од крчмата во која била фештата.
На 38 годишниот Ковачек му следи казна од 20.000 куни, забрана за возење а можно е да добие и затворска казна.
Глобалните залихи на саудиска нафта би можеле да се исцрпат за неколку дена доколку не се врати во функција виталниот нафтовод погоден од јеменските бунтовници.
Откако дронови лансирани од хутите уништија пумпна станица, Ријад го затвори нафтоводот долг 1.200 километри од Персискиот залив до Црвено Море, со што се губат 4% од глобалните залихи.
Аналитичари од Marhelm проценуваат дека за поправка на оштетувањата на нафтоводот може да биде потребен повеќе од еден месец поради „недостиг на резервни делови“.
Долготрајниот прекин би можел дополнително да ги зголеми цените на горивата, откако цената на барел нафта од типот „брент“ достигна 109 долари.
Саудиска Арабија минатата недела го извести ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта паднало на 6,2 милиони барели дневно, од 10,9 милиони барели пред почетокот на војната во Иран.
Вработена во МВР која во 2021 година била отпуштена поради злоуотреба при издавање на лични документи, па со судска одлука во 2025 година вратена на работното место, сега е повторно уапсена под сомнение за злоупотреби при издавање возачки дозволи.
Против неа и уште 26 лица Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.