Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Лавров: Што Европа би придонела на преговарачката маса?

17 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Европејците сè уште се држат до истата филозофија. Не знам што би направиле на преговарачката маса. Ако „извлечат“ некои лукави идеи за замрзнување на конфликтот и од навика имаат намера да ја продолжат војната – тогаш зошто да ги поканиме таму“, рече шефот на руската дипломатија за преговорите за Украина во Ријад.
  • Тој потсети дека желбите на западните лидери досега биле задоволени во неколку наврати. „Во февруари 2014 година, ЕУ, вклучително и Франција и Германија, свечено потпишаа договор со тогашниот претседател на Украина (Виктор) Јанукович и вооружената опозиција. Тие гарантираа дека овој договор ќе се исполни“.
  • Лавров ја отфрли идејата за територијални отстапки кон Украина азаменик претседателот на руската Државна Дума, Виталиј Милонов, идејата за испраќање мировни сили.
извор

Трамп ги брани иранските демонстранти

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • САД се спремни да ги бранат иранските демонстранти ако властите во Техеран употребат оружје за да ги задушат протестите, предупреди претседателот Доналд Трамп. „Опремени сме, натоварени и подготвени да тргнеме“, порача Трамп. Тој не објасни како би реагирале САД, но американските сили лани во јуни се придружија на израелските ракетни напади врз иранските нуклеарни постројки.

  • Масовните протести поттикнати од економската криза и инфлацијата во Иран за четири дена се проширија низ целата земја. Според извештаи на локалната новинска агенција Фарс, полицијата и специјалните сили употребиле сила и огнено оружје за да ги смират демонстрациите и убиле најмалку шест лица. Загинал и еден припадник на Револуционерната гарда.
  • Иранското раководство се соочува со најголем притисок по 2022 година, кога земјата беше парализирана од протестите поврзани со Махса Амини, младата жена што почина во притвор откако беше уапсена поради тоа што не носела шамија. Полицијата тогаш брзо и сурово тргна против демонстрантите, главно студенти што бараа либерализација.
  • Овој пат протестите избувнаа од пазарџиите, кои се важен елемент од економијата, па претседателот Масуд Пезешкијан во помирувачки тон побара преговори со лидерите на демонстрациите. Инфлацијата надмина 40%, а храната поскапе за 72% за една година. Ријалот во декември изгуби 20% од вредноста и на црниот пазар падна на историски минимум од 1,3 милиони за 1 долар.
извор

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров забрзано го спрема својот 18-годишен син Адам за наследник. Му додели нов медал поради „значаен придонес за обезбедувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на татковината“.
  • Премиер Магомед Даудов на свечената церемонија го нарече Адам „енергичен и ефикасен лидер способен да решава сложени проблеми со принципиелност и лојалност кон каузата.“

  • Градите на младиот Кадиров ги красат едно чудо медали, доделени од неговиот татко, но и од Москва, а ја има и титулата „Херој на Чеченската Република“. Во Руската книга на рекорди е запишан како најмлад шеф на регионална безбедносна служба.
  • Стариот Кадиров пред една недела итно бил префрлен во болница во Москва поради сериозно влошена здравствена состојба. Локални медиуми тврдат дека лекарите едвај успеале да го реанимираат. По неколку дена тој се појави во јавноста со новогодишна порака до Чеченците.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Bookbox
3

Сокол на двете страни на Шутка

4

Не се секирајте, Германија е безбед....

Разно
5

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина
6

2025 година, година на црвеното апче

Мислења
7

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
8

Овци на плоштад

Забава
1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

Сокол на двете страни на Шутка

3

2025 година, година на црвеното апче

Мислења
4

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
5

Кочански ужас во Кран-Монтана

6

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

7

Почина застреланото двегодишно дете

8

Мики Рурки, 9½ кирии

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бон-тон брзо се учи

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Правда за Житораѓа!

Па што, да не не боли толку?

Филмски рецензии

Несоницата со јаве се избива

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy