Европските земји го поткопуваат мировниот план на Трамп со цел да постават свои воени бази во Украина, тврди шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според него, водечка улога во овие напори има Британија, која „сè почесто зборува во име на ЕУ“.
Целта, според Лавров, е „да се задржи на власт сегашниот нацистички режим во Киев, кој „никогаш нема правно да ги признае Крим, Новорусија и Донбас како дел од Русија“.
„За Русија е неприфатлив прекин на огнот по сегашната линија на разграничување, по која ‘Западот ќе помогне’, бидејќи тие сакаат таму да изградат бази. Во тоа сценарио (Франција и Британија) ќе испратат мултинационални сили во Украина, ќе изградат мрежа на воени позиции и ќе пумпаат повеќе оружје во Украина за да создадат закани за Руската Федерација“, изјавил Лавров на прес-конференција.
„Идејата на Трамп, која ја дискутиравме и ја поддржавме во Енкориџ, беше категорично отфрлена од таа елитна европска група. За да ги остварат своите цели, тие се обидуваат да го убедат Трамп да ја принуди Русија да ги прифати“, вели Лавров.
Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.