- Украина има суверено право да ѝ се приклучи на Европската Унија ако сака и Москва нема да ѝ диктира како да го направи тоа, објави денеска Кремљ.
- Зборуваме за интеграција и за економски интегративен процес. И тука, се разбира, никој не може да ѝ диктира ништо на која било земја, изјави портпаролот Дмитриј Песков.
- Москва сепак нема да дозволи Украина да се приклучи на НАТО и на воени сојузи. „Сосема спротивна е позицијата, се разбира, за безбедносни прашања поврзани со одбраната или воените сојузи“, изјави Песков.
- Четворицата астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА - Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен - вчера беа подлабоко во вселената од кој било човек досега. Заобиколувајќи ја Месечината, тие беа oддалечени 406.778 километри од Земјата.
- Досегашниот рекорд (400.171 километар) го држеше екипажот на мисијата Аполо 13 од април 1970 година.
- Во моментите на прелетување, НАСА емитуваше снимена порака од Џим Ловел - астронаутот од Аполо 13, кој почина лани на возраст од 97 години: „Ова е историски ден и знам колку ќе бидете зафатени, но не заборавајте да уживате во погледот... со среќа и со Божја помош.“
- Летајќи 40 минути од скриената страна на Месечината, без радио-контакт со контролата на летот, астронаутите ја снимале површината и имале ретка можност да видат помрачување на Сонцето.
- Капсулата Орион сега се движи кон Земјата. Во петок треба да навлезе во атмосферата со 40.230 километри на час, побрзо од кој било лет со човечки екипаж досега, и да се спушти во Пацификот.
- Следната мисија Артемис 3 ќе тестира техники на спојување во ниска орбита, како подготовка за Артемис 4 во 2028 година, со прво спуштање на астронаути на Месечината по 1972 година.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.