- СДСМ од денеска е на терен. Рамо до рамо со граѓаните, започнуваме со интензивни теренски активности. Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, маало, урбана заедница, таму каде што ни е местото, меѓу народот, заедно со граѓаните. Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот – рекол Ковачевски.
- Најавил целосна мобилизација на општеството за, како што рекол, нова победа на државава, најавувајќи теренски активности на партијата.
- „Избори ќе има во 2024 година“, рекол премиерот.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.