Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кои американски градови први би настрадале во Трета светска војна

25 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Девет држави во светот имаа нуклеарно оружје но најчесто се разгледуваат сценаријата ако се спукаат САД и Русија. 
  • Алекс Велерштајн, професор на Технолошкиот институт Стивенс и историчар кој ги следи нуклеарните прашања смета дека први американски места кои ќе настрадаат се следниве.
  • Хонолулу (Хаваи), клучно место за одбрана на Пацификот. 
  • Шревепорт (Луизијана) кадешто е базата Берксдејл во која се држат повеќето американски стратешки бомбардери и ракети. 
  • Колорадо Спрингс, дом на командата за воздушна одбрана (NORAD) и на вселенската база „Питерсон“, што го прави клучен за воздушната одбрана не само на САД, туку и на цела Северна Америка.
  • Албукерки (Ново Мексико) во чија близина е воздухопловната база Киртланд, за која се верува дека има најголемо складиште на нуклеарно оружје во светот.
  • Хјустон (Тексас), енергетскиот центар на САД.

  • Вашингтон, Д.Ц. заради симболичното значење на седиште  на американскиот претседател и Пентагон.

  • Веројатно би настрадале и многубројните Л.А., Чикаго и Њујорк, кои не само што се центри на бројни индустрии туку затоа што нивната масовна девастација би го осакатила моралот на Американците. 

  • Да не си прави некој бајрам на умот, во случај на нуклеарна војна, ни САД, ни Русија ни никој на планетава нема да пројде добро. 

извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Три минути

Мешано
2

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
3

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
4

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
5

Македонија до Колумбија

Разно
6

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

7

Има работа на кој му се седи

Канта
8

Челси има нов тренер, врвниот стручњак кој правеше чуда со Леверкузен

1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
3

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

4

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

Почина легендарниот карикатурист Коракс

7

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
8

Тендери: Кога ќе се навежбаш со едните, ќе бидеш навежбан и за другите

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Битолска кафанска сметка

Чувајте се. И ние ќе се чуваме.

Кафански навики во добата на Инстаграмот

Алтернативна математика

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy