- „Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопа довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции и јавни процеси“, пишува во одлуката на Стејт департментот.
- Ваквиот потег американското министерство за надворешни работи го објаснува како потврда „за посветеноста на САД за борба против корупцијата,“ во Македонија.
- Освен Кочо, на списокот неподобни за патување во САД се и неговата сопруга, и двете деца.
- После 25 години растење во еден од најјаките музички фестивали во Европа, Егзит се сели од новосадската Петроварадинска тврдина во Египет.
- Во партнерство со светски познатата продуцентска куќа за настани, Venture Lifestyle, организаторите на Егзит потпишале договор за египетска компанија, догодина фестивалот да се одржи на просторот пред египетските пирамиди.
- На ваков чекор се решиле после долгогодишни политиички притисоци во Србија каде беа користени за политички пресметки а им беше укинато и институционaлното финансирање.
- Финска официјално ги извести Обединетите нации дека се повлекува од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини. Одлуката ќе стапи на сила по шест месеци, во јануари 2026 година.
- Уште четири членки на НАТО - Литванија, Летонија, Естонија и Полска, најавија дека ќе се повлечат од меѓународниот договор за забрана на мини, поради „зголемена воена опасност“ од својот сосед Русија. Украина се повлече и ги користи во војната.
- Финска и Литванија најавија дека од 2026 година ќе почнат домашно производство на мини за сопствени потреби и за да ѝ ги доставуваат на Украина.
- „Финска мора, заради безбедноста на залихите, да има сопствено производство. Тие се многу ефикасно и евтино оружје“, изјави шефот на парламентарниот комитет за одбрана Хеики Ауто. Тој додаде дека Финска имала 1 милион противпешадиски мини пред да ѝ се приклучи на меѓународната конвенција во 2011 година.
- Литванскиот заменик министер за одбрана Каролис Алекса изјави дека неговата земја ќе потроши стотици милиони евра за поттикнување производство на противтенковски и противпешадиски мини.