- „Промената на Уставот е првото пробно дури можеби и не толку застрашувачко барање – другите посурови и позастрашувачки барања ќе дојдат по започнување на пристапните преговори“, смета академик Коцарев.
- Aко дозволиме уставни промени тоа ќе значи широко отворање на портите за други нови нестварни и небулозни барања што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија, смета првиот човек на МАНУ.
- Коцарев рече дека по европскиот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност, Македонците треба да чекорат единствено како горди и достоинствени Македонци.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!