- Вицепремиерот Фатмир Битиќи очекува ТЕ-ТО да биде исклучен и заменет со нова централа за која упорно буткаат да ја гради грчи „Митилинеос“.
- „Централата Те-То ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција“ рекол Битиќи, според кого таа централа треба да се затвори од стратешко безбедносни причини.
- Струјата што би ја продавал „Митилинеос“ на ЕСМ би била само 5% пониска од берзанската.
- „Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека спорд Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна? Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1713 компании во руска сопственост“, пишува Трајко Славески.
- Идејата за Митилинеос македонските експeрти ја оценија за катастрофалнa и jа нарекоа „Втор Чебрен“. Професорот Дејан Трајковски таа катастрофа ја опиша со бројки.
- Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
- „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
- Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
- „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
- Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
- Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
- Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз.
- Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
- Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.