- Извоз на автомобили од Кина во јуни надмина 1,06 милион возила, главно на електричен погон, што е нов светски рекорд и пораст од 71,2% во однос на истиот месец лани.
- Кина е на пат да биде првата земја со извоз над 10 милиони години во една година. Тоа е двојно повеќе во споредба со 2023 година, кога на светот му продаде 4,9 милиони коли.
- Во исто време, домашната продажба нагло падна по укинувањето на државните субвенции за електрични возила и релативната заситеност на пазарот.
- Покрај колите на струја, испораките на кинески електрични локомотиви се зголеми за 45,1%, а на електрични мотоцикли и велосипеди за 31,5% на годишно ниво.
- Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан. Предупреди дека со тоа, Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот.
- Вадефул потсети дека ЕУ им вети членство на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун во 2003 година. Тој го критикуваше и германскиот учинок, потсетувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес 11 години подоцна, во 2014 година.
- И покрај ова, нема конкретен напредок дури и по уште 12 години.
- „Не ги исполнивме нашите ветувања“, рекол министерот. „Навистина би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е реално, дека сме веродостојни и дека на Европа може да се потпреме“.