- Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), поднела оставка до Собранието.
- Обвинителството на 18 јули поднесе обвинителен акт против Димитровска за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат, во врска со случајот „Адитив“, кој се однесува на набавка на адитиви за РЕК „Битола“.
- Пратениците треба да ја констатираат оставката и во рок од десет дена Собранието треба да почне постапка за избор на нов член и претседател на Државната комисија.
- ДКСК информираа дека комисијата може да работи и без претседателката Димитровска.
- Собранието на Македонија не ја изгласа предлог-резолуцијата да се повика Израел да дозволи пропуштање на хуманитарната помош во Газа.
- Само 16 пратеници гласаа за резолуцијата предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.
- „Од народ кој во Втората светска војна издвојува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад“, забележа пратеничка од Левица Јована Мојсоска.