Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Капитулацијата на Трамп во Иран има цена: 24 милијарди долари

27 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иранските власти му наметнаа „невозможен избор“ на Трамп како да го претстави воениот пораз како победа и да ја заврши војната. Како услов за потпишување на „меморандумот за разбирање“ Техеран побара да му бидат ослободени 24 милијарди долари замрзнати во странство како дел од санкциите. 12 милијарди треба да му бидат дадени веднаш, а другата половина по 60 дена, ако се усогласат преостанатите детали од договорот.
  • За Белата куќа ова не претставува трошок, бидејќи парите се ирански. Но, дилот би испратил контрадикторна политичка порака до американските гласачи: Трамп тргна во војна со Иран за да го собори режимот, а на крајот ќе мора да капитулира и да го „награди“ за да ја запре војната.
  • Трамп нема ни капацитет да му ослободи толку многу пари на Иран. Само 2 милијарди од замрзнатите средства на Иран се во САД. Преостанатите (проценети на 100 милијарди долари) се чуваат на меѓународни банкарски сметки замрзнати од ОН. За да ослободи пристап до дел од нив, САД ќе мораат да ги укинат санкциите со Иран и да создадат механизам како овие пари да не завршат директно кај режимот и да не се користат за развој на нуклеарно оружје или за финансирање на проиранските вооружени групи на Блискиот Исток.
  • Катарски дипломати интензивно работат на шема со која на Иран ќе му бидат ослободени 6 милијарди долари ирански средства префрлени од Јужна Кореја во Катар во 2023 година според договорот за размена на затвореници меѓу САД и Иран. Овие пари подоцна повторно беа замрзнати по нападот на Хамас врз Израел. Катар би можел да ги префрли парите на Иран и подоцна да добие надомест од САД.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Скопје кога е забрзано

Внимательно, очаква те Джони Деп!

Најголем ризик за пандемија се виралните дезинформации

Честитам, грчки народе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy