- Д Фестивал, водечкиот летен фестивал во Македонија е официјално избран меѓу топ 10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди, најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија.
- Според европските стандарди за музички фестивали, Д Фестивал е во најтесниот избор во категоријата Најдобар мал европски фестивал, со капацитет 10.000 посетители дневно, а во финалето е заедно со фестивали од Швајцарија, Данска, Италија, Холандија, Романија, Бугарија и Србија.
- Следното издание на Д Фестивал веќе е закажано за 26-28 јуни во Штип, а објавен е и првиот хедлајнер - IDLES - британските панк-рок ѕвезди и моментно еден од најважните live бендови во светот.
- Белата куќа промовира нова шема за итно стекнување американско државјанство за странци што ќе платат 1 милион долари за златна картичка со ликот на Доналд Трамп. „Златната картичка отвора директен пат до државјанство за сите што ќе ги исполнат условите и проверките“, објави Трамп.
- Картичката може да ја добијат сите странски државјани што ќе покажат дека ќе бидат од значителна корист за САД. Аплицирањето чини 15.000 долари, а по одобрувањето треба да се уплатат уште 1 милион.
- Наскоро ќе биде претставена и „платинеста“ картичка од 5 милиони долари, која нуди и специјални ослободувања од даноци. „Тие што можат да платат 5 милиони се луѓе што создаваат нови работни места. Тоа е добра зделка“, изјави Трамп.
- Претседателот во септември воведе такса од 100.000 долари за апликантите за виза од програмата H-1B, која се однесува за висококвалификувани работници.
- Во меѓувреме САД забранија издавање визи за државјани на 19 земји и најавија дека ќе ги преразгледаат сите одобренија за азил што ги дала претходната администрација на Џо Бајден.