Вести › Набрзинка
Бес во Израел заради прекинот на огнот
- „Ова е политички и стратешки пораз! Во целата наша историја, таква катастрофа никогаш не се случила“, го коментира примирјето шефот на израелската опозиција, Јаир Лапид.
- Вели дека Бенјамин Нетанјаху не исполнил ниту една цел која си ја имал зададено иако војската направила сè што барал.
-
Лапид потсетува дека Израел не ни бил вклучен во преговорите и дека на државата „ќе ѝ требаат години за да се опорави од политичката и стратешката штета“ што Нетанјаху ја предизвика со својата ароганција, невнимание и недостаток на стратешко планирање.
-
Претседателот на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, оцени дека ваков договор со Иран значи дека Израел во иднина ќе мора повторно да влезе во конфликт, под потешки услови и по повисока цена.
Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни
- Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.
- „Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Реџеп Исмаил.
- „Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во геополитички лавиринти без јасен меѓународно-правен легитимитет, како монета за поткусурување во туѓи пресметки“.
-
Досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен или залоупотребен мандат. Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.