- На 45 години, Рамзан Кадиров веќе има 15-годишен стаж на лидер на Чеченија. Викендов објави дека сака да се одмори од оваа позиција.
- „Сам забележав дека останав премногу долго. Мислам дека целосно заслужувам неограничен и долг одмор. Се надевам на вашата поддршка и разбирање. Мислам дека е дојдено време да си заминам, пред да ме избркаат,“ изјавил Кадиров.
- За сега не е јасно што ќе биде следниот ангажман на Кадиров.
- Луѓето што подолго го следат Кадиров тврдат дека тој и претходно давал вакви изјави па ништо од тоа не се случило.
- Од први март следната година започнува со работа новиот систем за наплата на патарини на сите автопатишта во Хрватска.
- Во моментов се поставени 120 портали а вкупно ќе ги има 212.
- Секој портал има опрема за автоматско откривање и идентификација на возила, вклучувајќи камери, сензори и комуникациски модули и овозможува наплата на патарина без запирање на возилото, што го зголемува протокот на сообраќај.
- Претходно возилото треба да биде најавено во системот.
- Ние ќе си тераме со куќички насред автопат.
- Експериментот во кој вештачка интелигенција изразила „неподносливо страдање“ предизвика дебата во врска со свеста на машините.
- Антропик планира да забрани „малтретирање“ на својот чет-бот, Клод, верувајќи дека e можно да настане и да се развие свест кај вештачката интелигенција.
- Од една страна, поддржувачите на „добробитта на вештачката интелигенција“ сметаат дека ова е разумна морална обврска што поттикнува побезбедна коегзистенција.
- Од друга, критичари предупредуваат дека припишувањето на свест на машините ја префрла одговорноста од корпорациите на самиот софтвер, создава услови за манипулација со луѓето и претставува катастрофална закана за општеството и човековите права.
-