Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кабинетот на Бујар Османи забрзано се празни и заминува во странство

15 јануари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) алармира дека незаконски и пред избори за конзул во Њујорк се испраќа Мухаби Синани, тукушто вработен во Министерството за надворешни работи, на истото место каде министерот Бујар Османи сакаше да ја испрати младата ТВ-презентерка, Бесмира Ејупи.
  • „Г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма, не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул. Дополнително имаме информација и дека оваа недела Синани треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања“, вели Дипломатскиот синдикат.
  • „Исто така, дознаваме дека се подготвува упатување на г-нот Илми Селами од Чаир за амбасадор во Будимпешта, поради подигање на партискиот рејтинг на г-нот Османи во населбата Чаир“, информираат од МДС.
  • Речиси целиот Кабинет на Бујар Османи забрзано се празни и заминува на различни позиции во странство, предупредуваат синдикалците на МНР.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Една песна, желби рој

Заштедете на струја - купете си книги!

Молчењето е Талат

Правда за Трамп

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy