Поради налепниците оставени на кантите за отпадоци во Загреб по завршувањето на кампањата за селектирање отпад, Јурица Паѓен (Аеродром, Парни Ваљак, Азра) првично побарал од Градот Загреб да му исплати 180.000 евра за авторски права.
Кампањата, која започна во март 2018 година, требало да трае до август 2022 година, и вклучуваше налепници на дел од контејнерите за селектирање отпад со познатиот наслов на песната на Паѓен и Аеродром: „Stavi pravu stvar na pravo mjesto“.
Иако кампањата има завршено пред повеќе од две години, налепниците на контејнерите останале а договор за тоа со авторот на песната Загреб немал.
За да се избегне судска тужба а и поради фактот дека и отстранувањето на налепниците ќе го чини градот пари, се договориле Загреб да му исплати на Паѓен 40.000 евра.
Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.