- Во придружба на музиканти, Али Ахмети го прослави својот 65-ти роденден во кабинет во министерството за политички систем а честитка во манирот на „Друже Тито ми ти се кунемо,“ му упати Артан Груби.
- „Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години“, дирљиво срочи Груби.
- Пред две години Ахмети собра министри на журка во Министерството, па платија казна од 10 евра.
- Американскиот претседател Доналд Трамп би можел веќе наредните денови да нареди нуклеарен напад врз Иран, тврди конзервативниот коментатор Такер Карлсон.
- Според неговите информации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху секојдневно врши силен притисок врз Трамп да го одобри нападот а тој би можел да донесе одлука до 7 ноември.
- Мета би била планината Пикакс во централен Иран, каде што, според израелските разузнавачки информации, иранската влада ја рестартирала својата програма за збогатување ураниум.
- Карлсон оцвенува дека Нетанјаху е во незавиодна положба по изборите и дека не може да формира влада без директно посредништво на Трамп, за поддршка од најмалку 61 член на Кнесетот.
- Во спротивно Нетанјаху би го изгубил премиерското место и би се соочил со истраги а можеби и затвор.
- „Нетанјаху мора да остане близок до Трамп. Нему му е потребна оваа војна“, напиша Такер Карлсон.
- Министерството за дигитална трансформација (МДТ) информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.
- Со тоа, вкупниот број налози за блокирање достигнува 462.
- АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.
- „Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет-просторот“, порачуваат од министерството.