- Централната банка на Јапонија реши да ја прекине ерата на негативни каматни стапки и ги подигна за првпат од 2007-ма година.
- Решиле краткорочните камаптни стапки во иднина да се движат од нула до 0,1 посто и процениле дека е на повидок нивната цел за стабилна инфлација од два посто.
- Најавата на банката дополнително го ослабна јенот.
- Јеменските хути потопија и втор грчки танкер во само три дена во Црвено Море. Танкерот Eternity C со 25 члена на екипажот во понеделникот бил погоден со ракети и бил сериозно оштетен. Нападот продолжил, хутите се качиле на бродот, убиле неколку лица и ги грабнале другите. Потоа го минирале танкерот и го потопиле.
- Откако Израел ја почна воената операција врз Газа, јеменските бунтовници поддржани од Иран почнаа кампања против товарните бродови што преку Црвено Море носат гориво и стока до Израел.
- Од ноември 2023 година, хутите нападнале близу 70 трговски бродови со проектили, дронови и ракети од чамец. Досега потопиле четири брода, заплениле еден, убиле најмалку седум лица и киднапирале десетици. Сега тие ги снимаат своите акции.
- Во неделата тие нападнаа и уништија уште еден грчки брод со либериско знаме - Magic Seas. Сите 22 члена од екипажот биле спасени на трговски брод што пловел во близина.
- Доналд Трамп воведе тарифи од 50% за увоз на стоки од Бразил, за да изврши притисок врз властите да го запрат прогонот на неговиот политички сојузник Жаир Болсонаро.
- Бразилскиот Трамп, како што го нарекуваат Болсонаро, е на суд поради планирање државен удар за да остане на власт по поразот на изборите во 2022 година.
- „Ова судење треба да го нема. Тоа е лов на вештерки што треба да заврши веднаш!“, порача Трамп на својата социјална мрежа.
- Бразил е една од ретките земји со кои САД немаат трговски дефицит. На заканата со тарифи од Трамп, која би се применувала од 1 август, претседателот Лула да Силва одговори дека Бразил ќе возврати со реципрочни мерки.
- „Постапките против оние што планирале државен удар се во надлежност на бразилското судство и не се предмет на мешање или закани што ја нарушуваат независноста на националните институции“, изјави Лула.
- Трамп синоќа најави и повисоки царини за уште седум други земји и објави дека тарифите од 50% за увоз на бакар од целиот свет ќе важат од 1 август.