- Препрочитувајќи го предлогот на Макрон за решавање на билатералниот спор со Бугарија како услов за нашето пристапување во Европската Унија, зборовите на поранешниот француски премиер Пјер Мороа дека „не секое племе заслужува држава“ ја добиваат својата вистинска смисла.
- Макрон гледа „рамнотежа на вредности“ во Европа, кои можат лесно да се нарушат со нејзина балканизација преку пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Унијата. Затоа и ни е понуден предлог што едноставно не може да биде прифатен.
- Ваков понижувачки однос кон суверена држава не е забележан во поновата европска историја.
- Се плашам дека дојде времето на камшикарот на Заев, кој гледаме нема да сака ништо друго освен она што господарот го сакал од домородното население во колониите. Понизност и сервилност, без свест за себе и своето постоење. А оваа власт може да го понуди тоа.
- Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
- Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
- „'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
- Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.
- Трите најголеми италијански мафијашки групи формирале нов сојуз, кој ја засилил соработката со албанската мафија за трговија со дрога. „Најновите истраги открија стабилни и стратешки односи меѓу организации од Калабрија со Албанците“, изјави Никола Пјаченте, главниот обвинител на Џенова.
- Сицилијанската Коза ностра, калабриската Ндрангета и неаполската Камора ја препознале штетата од меѓусебните војни и формирале сојуз „Хидра“ за да го зголемат профитот од своите криминални активности, без да ја жртвуваат автономијата.
- „Јасно е дека исчезнуваат историските разлики меѓу мафијашките организации, дури и во трговијата со дрога“, заклучува во нов извештај националниот обвинител за борба против мафијата, Џовани Мелил.
- Проширена е и соработката со криминални групи од Кина за меѓународни исплати преку паралелен систем за трансфер на пари познат како „хавала“.
- Парите од шверц на дрога од Јужна Америка ги перат преку инвестиции во градежништво, фирми за управување со отпад и супермаркети.