Израел издаде нова наредба со листа на градови и места во соседен Либан на чии жители им се препорачува ад ги напуштат своите домови.
На новата листа е и градот Набатие, еден од најнаселените урбани центри на југот на Либан а листата содржи уште 20 локации на кои живеат луѓе.
Претходно Израел им на реди на жителите на 53 либански села да ги напуштат домовите а либански минстер соопшти дека досега 1,2 милиони луѓе во земјата се раселени.
На листата причини зошто САД го нападнале Иран, претседателот Трамп го додаде и „уништувањето на фабрики за дрога“. Тоа го поврза со операцијата „Полноќен чекан“ од јуни 2025 година, за која тврдеше дека го уништила капацитетот на Техеран да развие нуклеарно оружје.
„Се занимаваа со нуклеарни работи и со дрога. Користеа дрога, но се занимаваа и со нуклеарни активности. Тие фабрики за дрога и нуклеарни постројки претрпеа тешки удари“, изјави Трамп на митинг во Оклахома.
Кога во февруари ја нареди општата војна против Иран, Трамп тврдеше дека сака да го спречи Техеран да создаде нуклеарно оружје. Потоа дека целта е да го собори режимот кој сурово ги задушил народните протести.
Ново истражување на CNN/SSRS покажа дека близу 73% од анкетираните американски гласачи не го одобруваат начинот на кој претседателот се справува со војната со Иран. Близу 75% рекле дека претседателот нема јасен план за конфликтот.
Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.