- Италијанската агенција за заштита на податоци објави дека сервисот ќе биде блокиран и истражуван за пропусти околу приватноста.
- Според агенцијата ЧатГПТ нема соодветна правна основа за собирање лични информации од луѓето што го користат. Собраните информации се користат за дополнителна обука на системот.
- ЧатГПТ исто така е обвинет и дека не успева соодветно да ја провери возраста на своите корисници и да за забрани употребата на сите помали од 13 години.
- Истрага на ЧатГПТ побара и европската организација на потрошувачи БЕУЦ.
- ЕСМ тврди дека лицата што дале исказ дека нема штета за компанијата, што за обвинителството било причина да ја запрат истрагата околу набавките на мазут - не биле надлежни за тоа.
- ЕСМ тврди дека тие лица „не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Нивната улога, согласно барањето на обвинителката – била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ ‘Неготино’.
- Техничките лица само констатирале дека не била нанесена штета врз планот за производство, без да се елаборира дали потрошената количина била согласно тендерските услови и договорот, појаснува ЕСМ.