Иран му постави на Трамп нови услови за Ормускиот проток
9 август 2026
- Техеран им постави седум услови на САД за деблокирање на Ормускиот проток:
- - Крај на заканите од Трамп за Иран;
- Траен крај на војната против Иран и неговите сојузници во Либан, Палестина, Јемен и Ирак;
- Укинување на поморската блокада на иранските пристаништа;
- Повлекување на американската војска од регионот;
- Исплаќање воена отштета;
- Укинување на сите санкции, и
- Безусловно ослободување на замрзнатите средства на Иран. - „Непријателот е принуден да ги прифати условите. Штом ќе го направи тоа, теснецот сигурно ќе биде отворен“, изјави портпаролот на Револуционерната гарда, Хосеин Мохеби.
- Шефот на дипломатијата Абас Арагчи изјави дека се во завршна фаза преговорите со Оман за привремена заедничка навигација на бродовите низ Протокот. Тој, сепак, додаде дека договорот нема да гарантира отворање на Ормускиот проток. „САД ќе мора да платат, како компензација за прекршувањето на Меморандумот за разбирање потпишан во јуни“, изјави Арагчи.