Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Интел изгуби седум милијарди долари на чипови

5 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американскиот технолошки гигант лани забележал загуба во работењето со чипови од 7 милијарди долари, речиси 35% повеќе од претходната година.
  • Ова го илустрира размерот на нивното каскање пoзади тајванскиот конкурент и водечки производител на чипови во светот, ТСМЦ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Company).
  • Американската компанија вложи милијарди во производството на чипови (43,3) за повторно да избие на првото место a Бајден неодамна објави дека на Интел ќе му бидат дадени 20 милијарди долари неповратни пари и заеми.

За што се секираат на Запад

извор

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сè уште убеден дека Иранците го мразат своето раководство, Доналд Трамп бил изненаден од снимките како милиони луѓе плачат на погребот на нивниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. „Можеби се лажни солзи“, изјави Трамп за Аксиос, коментирајќи ги сцените.
  • Говорејќи за масовноста на собирот, Трамп истакна дека САД можеле со еден проектил да го елиминираат целото иранско раководство. „Сите се таму. Еден истрел и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш не би имале со кого да преговараме“, рече Трамп.
  • Десетици милиони луѓе низ целата земја му изразија последна почит на Али Хамнеи, убиен со проектил во првите моменти од војната што САД и Израел му ја објавија на Иран.
  • Повеќе од 6 милиони луѓе присуствувале на молитвениот комплекс Големата Мосала во центарот на Техеран, каде што беше положено телото на ајатолахот.
  • Во метрото во Техеран во саботата бил регистриран рекорден број од 9 милиони патувања. Уште многумина пристигнале на церемониите со сопствен превоз.
извор

Трамп дели правда и на Светското првенство

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • По притисок од Доналд Трамп и Белата куќа, ФИФА неочекувано му ја укина автоматската забрана за настап на американскиот фудбалер Фоларин Балогун откако доби црвен картон на натпреварот против БиХ. Црвениот картон не му е поништен, но вечерва ќе може да настапи против Белгија.
  • Трамп уште во четвртокот телефонски му се јавил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побарал управното тело на светскиот фудбал да го преиспита исклучувањето. Инфантино одговорил дека нема никакво влијание врз дисциплинската комисија, која е надлежна за казните.
  • ФИФА објасни дека суспензијата била поништена врз основа на ретко користен член од правилникот. Не објави како гласале 18-те члена во Дисциплинската комисија.
  • Извори на „Политико“ велат дека министерот за трговија Хауард Лутник и други функционери веднаш по натпреварот САД-БиХ активирале планови за пронаоѓање основа за укинување на суспензијата на Балогун. Таквата одредба била пронајдена по четиридневно координирано лобирање, правни маневри и дипломатија од Овалната соба до седиштето на ФИФА во Цирих. Белата куќа ги дала на располагање своите официјални адвокати.
  • Белгиската фудбалска федерација најави жалба на одлуката на ФИФА. „Не знаев дека Први април е на 5 јули во календарот на ФИФА. Федерацијата не го брани националниот тим, туку го брани општо фудбалот, неговиот интегритет и неговата етика“, изјави селекторот на белгиската репрезентација Руди Гарсија.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
2

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

БЈР Матрикс

Разно
5

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

6

Лука, Един и Ивана

Фудбал
7

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
8

Музеј на современи вазали

Македонштина
1

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

2

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
3

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
4

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
5

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

6

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

7

Трамп дели правда и на Светското првенство

8

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќелави од сите земји - помирете се!

Птичји виц на денот

Генијалноста се пробива

Кога ќе ја истролаш цела фамилија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy