И Саудијците удрија врз иранската Револуционерна гарда
29 јули 2026
- Саудиски борбени авиони првпат им се придружија на американските во напади против иранската Револуционерна гарда (ИРГК), но не на територија на Иран, туку во Ирак.
- При нападот врз бази на терористички групи поврзани со ИРГК биле убиени најмалку 20 луѓе.
- Саудиска Арабија со децении купуваше американско оружје за да биде под безбедносниот чадор на САД. Досега во војната дејствуваше само на своја територија, за да ги пресретне иранските ракети и дронови.
- Првата офанзивна акција, спроведена заедно со американските сили, Ријад ја оправда со „вроденото право на одбрана“, согласно Членот 51 од Повелбата на ОН.
-
Ирачкиот претседател Низар Амеди го осуди саудиско-американскиот напад како „грубо кршење на суверенитетот на Ирак, спротивно на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации“.