- Хрватската академија ѝ предложи на владата еден од условите за пристапување во ЕУ да биде Бeлград „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик“ како посебен.
- Ова станува официјален став на ХАЗУ со образложение дека српски институции финансирани од државата со години го негираат хрватскиот јазик и го присвојуваат хрватското книжевно наследство, особено на Дубровник.
- Академијата има забелешки и на образовниот програм во училиштата во Србија.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.