Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хрватска уништува 50.000 свињи поради свинска чума

23 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Хрватските фармери се принудени да евтаназираат десетици илјади свињи за да го спречат ширењето на најголемата епидемија на африканска свинска чума што ја погодила земјата.
  • Болеста се појавила на големата фарма „Беља“ со десетина илјади свињи и се проширила и на други во Славонија. Се проценува дека ќе бидат уништени до 50.000 животни, што би било над 5% од вкупното национално производство.
  • Министерот за земјоделство Давид Влајчиќ не го отфрла тврдењето на Иван Пенава, лидер на партијата Домовински покрет, дека болеста не се проширила случајно во Хрватска, туку е дел од „специјална војна“.
  • „Не исклучуваме никаква опција. Водиме кризен штаб на највисоко национално ниво. Вклучени се сите надлежни министерства, државниот обвинител и главниот државен инспектор. Ќе направиме сè за да ја ставиме ситуацијата под контрола. Не сакам да исклучам ниту една опција, дури ни специјална војна“, изјави министерот Влајчиќ.
  •  На почетокот на годината имаше жариште на вирусот во БиХ и во Србија, а потоа инфекцијата се појави и во Хрватска, по куленијада на која учествувале производители од овие две земји. „Тоа не е добра околност. Ќе го зголемиме граничниот надзор“, изјави министерот.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

АНБ со мирис на УДБА

4

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Почина Биљана Плавшиќ

8

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Готови сме, руската пропаганда нè потопи!

Возрасни, на што личи бе ова??

Куманово, да не ви е уште при рака првата пушка?

Број два, трет пат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy