- Калифорнија усвои закон со кој на малолетни лица им се забранува да стапуваат во брак.
- Во оваа сојузна држава досега не постоеше законски пропишана возраст за стапување во брак. Деца можеа да се венчаат доколку нивните родители дадат согласност, а судија ја одобри венчавката.
- Исто така, не постоеше механизам за развод на лица помлади од 18 години.
- Во Калифорнија во периодот од 2000 и 2021 година биле склучени околу 35.000 бракови со учество на малолетници. Повеќето случаи биле малолетна девојка да се омажи за возрасен маж.
- Договорени бракови на деца сè уште се легални во 32 американски сојузни држави.
- Тенеси не успеа да ја спроведе егзекуцијата на жена осудена на смрт поради убиство извршени во 1995 година. Осудената Криста Гејл Пајк останала жива откако ѝ биле инјектирани две смртоносни дози. Од комората за егзекуција со брза помош била пренесена во болница.
- Пајк требаше да биде првата жена погубена во Тенеси по повеќе од 200 години. Само еден час пред планираното спроведување на казната, Апелационен суд го запрел извршувањето, но Врховниот суд до вечерта ја поништил одлуката и ја потврдил егзекуцијата.
- Службениците ѝ дале на Пајк две дози пентобарбитал. Никој досега не останал жив откако ги примил овие хемикалии. Седум осуденици преживеале поради неуспех на тимот за погубување да најде вена за аплицирање на смртоносните дози.
- Откако Врховниот суд на САД во 1976 година ја врати смртната казна, досега се погубени 18 жени, што претставува околу 1% од сите егзекуции. Пајк ќе беше 30-тото лице погубено во САД оваа година.
- Егзекуција на Пајк е одложена на неодредено време. Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, официјално ги прекина сите извршувања на смртни казни до крајот на 2026 година.