Вести › Набрзинка
Го упукаа Чарли Кирк (едит: починал)
- Влијателниот конзервативен говорник, активист и поборник на МАГА, Чарли Кирк е погоден од огнено оружје за време на негов настан во Јута, поточно тамошниот универзитет.
- Во моментов не се знае неговата ситуација, но од снимките фатени одблиску кои ги видовме (не ги објавуваме, брутално е) Кирк е погоден во врат, и тоа во вена, човекот тешко да преживее.
ЕДИТ: Претседателот Доналд Трамп соопшти дека Чарли Кирк им подлегнал на повредите.
„Големиот, дури и легендарен Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или го немаше срцето на младите во САД повеќе од Чарли. Сочувство до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме!“, напиша Трамп.
- На лице место уапсен е повозрасен белец.
- Чарли Кирк беше од онаа екипа конзервативци (со Бен Шапиро, Кендис Овенс...) кои одеа по универзитетски кампуси и супериорно се конфронтираа со разбудени прогресивци.
- Кирк беше на 31 годишна возраст, женет со две деца.
Француски блокадери се судрија со полицијата
- Француската полиција уапси близу 200 лица уште во првиот час од масовните протести „Блокирајте сè“ низ земјата свикани поради гнев кон најавените буџетски кратења, против претседателот Емануел Макрон и против политичката класа воопшто.
- Демонстрантите блокирале улици и автопати и палеле контејнери за ѓубре. Полицијата употребила солзавец за да ги деблокира приодите кон Нант и Монпелје. Демонстранти со запалени гуми и контејнери блокирале автопати кај Марсеј, Лион, Нант и Монпелје. Маскирани лица блокирале железница во Тулуз, а друга група се обиделе да го блокира Бордо.
🇫🇷❗️Manifestantes en Francia bloquean la autopista León - Saint-Étienne
— Sepa Más (@Sepa_mass) September 10, 2025
🔔MINUTO A MINUTO: https://t.co/BBnksvG0L2 pic.twitter.com/LLfXg5jWQv
- Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо објави дека низ Франција се распоредени 80.000 полицајци, вклучувајќи и 6.000 во Париз, за да го спречат поставувањето барикади.
Bloquons tout - 10 septembre : nouvelle vidéo de violences policières à Paris pic.twitter.com/vjz2bGbjBo
— Les Répliques (@Les_Repliques) September 10, 2025
- Пред само два дена пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Франсоа Бајру поради неговите планови за намалување на огромниот национален долг. Претседателот Емануел Макрон за нов премиер го назначи својот близок соработник Себастиен Лекорну за петти премиер во помалку од две години, што ги разгневи левичарите и синдикатите.
- Движењето „Блокирајте сè“ се појави во мај создадено од десничарските групи, но го презеде екстремната левица. Движењето нема централизирано раководство и протестите ги организира преку групи на социјалните мрежи. Го споредуваат со „Жолтите елеци“, кои во 2018 година почна како протест против поскапувањето на горивото, но се преобрази во пошироко движење против Макрон и неговите планови за економска реформа.
Vous pouvez me traiter de facho, je m'en blc , mais c'est pas un mouvement social, c’est juste du chaos total.
— Յyanն 🇨🇵🇦🇲 (@Yann_Karen) September 10, 2025
putain vous êtes malades ça nous mène nulle part #Onbloquetout pic.twitter.com/63iIdd2CRE