ГТЦ купува струја за 3,7 денари за киловат, дуќаните во ГТЦ плаќаат по 15,9 денари за киловат
17 ноември 2021
- За три години ГТЦ има потрошено 2,4 милиони евра за набавка на електрична енергија од добавувачот Енерџи Актив.
- Според дуќанџиите ГТЦ има огромен празен простор во подрумот којшто е запечатен и никој нема пристап до него.
- Вчера со интервенција на полицијата во подрумот беше откриена фарма за копање криптовалути.
- Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, се уште не одговара кој ги изнајмува и кој ја плаќа струјата за подрумските простории.