Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Груевски: На кои дроги е Кацарска?

23 февруари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  •  За изјавата на Кацарска дека не постои судија што осудил без докази, Груевски вика– кога е сама дома, нека се погледне во огледало.

  • Еве што направи жената брзајќи да не осуди и да ја добие ветената награда да стане претседател на уставен суд. Ги испита сите сведоци предложени и од СЈО и од одбраната: сите до еден сведочеа во наша полза, пишува Груевски на Фејсбук.

  • Сè се сведе за сите нас тројцата (тој, Ѓоко Поповски ои Гордана Јанкуловска - н.з.) само на база на 2-3 нелегално прибавени снимки кои видовме во случајот со Мартин Нешковски како Заев си ги крател и моделирал, како што и самиот јавно призна дека демек биле многу долги па ги потскатрил. Како да збориме за кастрење лозје а не за “снимки” со кои некого го прогласуваат виновен и го ставаат во затвор.

  • Вистинската причина за тоа лудило беше дека проценија дека тој предмет може најбрзо да се заврши и пред финалното гласање за уставот за името да не сум на слобода, а и генерално што побрзо да ме предадат на “екипата” од Диво Насеље која ме чекаше во истиот затвор Скопје. Токму затоа Кацарска држеше по 3-4 рочишта неделно од 10 до 22 часот а и во другите работни денови ни набиваа судења за други предмети за да немаме никакво време за анализа и подготовка за следниот ден.

извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќе биде ли овде некој некогаш избркан од работа?

Извод на денот

Ресенски стап за селфи™

Македонија е грчка?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy