- Проблемот со урбанистичкиот хаос во двете скопски општини да се реши на ист начин како што тоа е направено во Охрид и да се донесе ограничување кое ќе важи само на нивна територија, не и на цела држава.
- Предлогот доаѓа од министерот за транспорт Александар Николовски според кого: „со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива.“
- Негова препорака е во Центар и Карпош „да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме забрана за градење да речеме во следните 20 години“.
- Израел ја затвори Црквата на Светиот Гроб и ги откажа велигденските служби, наведувајќи безбедносни закани поради војната со Иран.
- Иако се под иста закана, синагогите во Израел се отворени.
- Дури ни Иран не ги затворил црквите.
- Местото на Христовото воскресение во Ерусалим никогаш не било затворено толку долго во изминатите 2.000 години, дури ни за време на Крстоносните војни ни за светските војни. Пристапот на верниците, сепак, привремено беше ограничен за време на пандемијата пред шест години.
- Отецот Ибрахим Фалтас, поранешен чувар на Светата земја, побара од израелските власти да ги отворат христијанските светилишта барем за Страсната недела.
- „Со задоволство можам да ви кажам дека сите отворени прашања се веќе затворени. Немаме некое прашање поврзано со законот коешто не е третирано“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, најавувајќи дека новиот закон за пушење/непушење ќе влезе во владина процедура на 24 март.
- Една од клучните новини е што терасите ќе можат да функционираат како дел за пушење и со две отворени страни, наместо со претходно предложените три. И кровот ќе се третира како „страна“.
- „Дополнително, ќе се воведе обврска угостителските објекти да имаат посебен влез за делот каде што се пуши, со цел јасно да се одделат зоните за пушачи и непушачи“, изјави Алиу кој очекува дека за две години процентот на пушачи да се спушти од 45% на под 20%.