- Индиската полиција официјално обвини глувци за тоа што ним им недостасуваат 200 килограми запленет канабис во полициското депо.
- „Глувците се мали животни и тие не се плашат од полицијата. Тешко е да ја заштитиме дрогата од нив,“ ќе соопшти индискиот суд во државата Утар Прадеш.
- Изјавата од судот е во врска со еден случај за трговија со канабис, во кој полицијата не можеше да ги претстави своите докази дека има запленето 195 килограми од дрогата, бидејќи количината била уништена од глувци.
- Стравот е дека во полициските депоа во областа Матхура лежат уште 700 килограми запленета марихуана „која е во опасност да биде уништена од глувци.“
- Компанијата Опен АИ ќе остане под надзор на својата непрофитна матична организација, откако ги отфрли плановите за целосно реструктиурање во класична компанија за профит.
- Новата управувачка рамка настојува да постигне баланс помеѓу желбата на инвеститорите за профит и институционалната одговорност за „развој на сигурна вештачка интелигенција за доброто на човештвото“.
- Профитниот дел се претвора во „корпорација од корист за јавноста“, но непрофитниот ќе го задржи правото на вето за клучни одлуки како именување директор, усвојување буџет и одобрување истражувачки проекти од висок ризик.
- Илон Маск, еден од коосновачите на Опен АИ, ја тужеше компанијата, тврдејќи дека со реструктиурањето ги крши своите изворни обврски - да остане непрофитна и да служи за јавно добро. Судењето е закажано за во март 2026 година.
- Руинираното јавно здравство, без оглед на стручноста на преостанатиот медицински кадар, не ги задоволува потребите на пациентите, кои реалноста одамна ја преточија во виц: „Донесовте пиџама, влечки, газа, лекови? Да, носам и доктор ако случајно немате“.
- Таквата ориентација за речиси 12 милиони евра ги зголеми приходите на седум приватни здравствени установи: „Аџибадем Систина“,„Жан Митрев“, „Неуромедика“, „Ремедика“, „Плодност“ од Битола, „Д-р Органџиски“ од Штип и „Санте плус Груп“.
- Во текот на минатата 2024 година, граѓаните за здравствените услуги што ги добиле од нив платиле 102,4 милиони евра – преку придонесите во ФЗОМ или директно. Една година претходно, износот бил 90,7 милиони евра.
- И во 2024 година „Систина“ е неприкосновена од аспект на приходите, кои достигнуваат безмалку 64 милиони евра.