- „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти претседателот на партијата, Стојанче Ангелов а раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО – ДПМНЕ.
- Во разговорите со ВМРО – ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено, рече тој.
- Пред околу осум месеци ВМРО – ДПМНЕ самите поднесоа Предлог-закон кој што содржеше решение за овој проблем и понуди некои симболични, но, сепак, права за сите македонски бранители. Тоа ми дава надеж дека она што го предложија, доколу формираат влада, ќе успеат да го поминат во Парламентот, рече Ангелов.
- Претседателот на иранскиот парламент вели дека има напредок во разговорите со САД, но дека двете земји остануваат „далеку“ од мировен договор
- Доналд Трамп вика дека се водат „многу добри разговори“ со Иран, но дека нема да дозволи Техеран да ги „уценува“ САД за Ормускиот теснец.
- Техеран порача дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ја укинат блокадата врз иранските пристаништа, што за нив е прекршување на примирјето.
- Трамп порача дека блокадата ќе продолжи сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена“.
- Два ирански воени чамци отворија оган врз танкер во Ормускиот теснец а американската морнарица принудила 23 брода да се свртат назад во близина на теснецот.
- Марија Корина Мачадо, нобеловка и лидер на веневуелската опозиција, одбила во Мадрид да се сретне со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е во лоши односи со американскиот претседател Доналд Трамп, на чија поддршка смета таа.
- „Таква средба не е опортуна“, оценила таа.
- Мачадо се сретна со лидерот на конзервативната Народна партија и со лидерот на Вокс, за да биде упадливо дека стратешки фокус става на десничарската политичка опозиција на Шпанија, а не на левичарската влада.
- Таа стана предмет на подбив заради девалвирање на наградата откако реши да му ја подари на американскиот претседател.
- Норвешкиот Нобелоv комитет тогаш потсети дека вистинската чест што ја претставува медалот „не може да се одземе, сподели или пренесе на други“.