- Француското Национално собрание изгласа закон за забрана на пристап до социјални медиуми за деца на возраст под 15 години.
- Законот опфаќа и забрана за користење на мобилни телефони во вишите средни училишта (lycée), за ученици на возраст од 15 до 18 години. Веќе важи за основните и за средните.
- Се очекува Сенатот да го одобри законот до февруари, за да стапи на сила од идната учебна година од 1 септември. Платформите ќе мораат до 31 декември да ги деактивират профилите на младите за кои важи забраната.
- Државниот регулатор за медиуми ќе состави список на „штетни“ социјални медиуми, кои ќе бидат забранети за лица под 15 години. На посебна листа ќе бидат наведени „помалку штетни страници“, кои ќе бидат достапни за деца со експлицитна согласност од родителите.
- За да може да се спроведува забраната, потребен е ефективен систем за проверка на возраста. На таков систем сега се работи на ниво на цела Европа.
- „Емоциите на нашите деца и тинејџери не се за продажба ниту за манипулација од американските платформи или од кинеските алгоритми“, порача претседателот Емануел Макрон.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.