- „Ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за шест месеци, една година или две, ќе лажеме. Треба да се биде искрен. Веројатно за 15 до 20 години“, вели шефот на француската дипломатија.
- Според него, ако уште сега се вели добредојде за Украина, тогаш не се читаат ситните букви на крајот на договорот а така ќе се разочара цела генерација Украинци.
- Тоа не му беше проблем на Макрон кога даваше изјави за цела генерација Македонци и други граѓани на Македонија да го поддржат референдумот со прашањето „Дали сте за влез во ЕУ и НАТО....“
- Во 202 година, Гордана Филиповиќ, со автомобил на пешачки премин и возење со поголема брзина од дозволената го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“.
- Првично беше осудена на три години. Предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Сега ѝ ја намалиле казната на две ипол години.
- „Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е на два процента, туку е на минус 20 проценти. Ова е шокантна и некоректна пресуда“, изјави Столе Ангеловски, син на прегазениот
- Враќањето на своите државјани од военото подрачје околу Иран со јавни пари го финансираа држави како Македонија, Босна, Србија, Хрватска и Словенија, за разлика од далеку побогатите и социјално сензитивни нордиски земји.
- Хрватските даночни обврзници ги чинело 850.000 евра за репатријација на 845 хрватски државјани кои американско-израелскиот напад врз Иран ги затекнал во блискоисточните земји.
- Словенечката влада издвоила 1,5 милиони евра, онаа на Босна и Херцеговина околу 400.000 евра.
- Скандинавски ладен беше одговорот на шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, на прашањето дали шведската војска со своите авиони треба да помогне во евакуацијата:
„Моментално не сме во ситуација да ги користиме ресурсите на вооружените сили. Воениот буџет и парите што ги издвоија вредните Швеѓани секогаш треба да се чуваат.“
- Седиште во авионот во кој Шведска превезуваше свои државјани од Дубаи до Стокхолм чинело 1.100 евра за возрасни и 850 евра за деца. Со моментално плаќање на сметката на министерството за надворешни работи. Во спротивно, се губи резервацијата.