Филипче се дистанцираше од Бранко
- Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, јавно се дистанцираше од поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, откако во јавноста се појавија фотографии од ресторан во Охрид со политичките противници.
- „Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче на прес-конференција.
-
Црвенковски во Охрид беше фотографиран во ресторан со градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, и пратеникот од истата партија Саше Донев. На друга фотографија Црвенковски е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска.
п.с. Ретко (читај: никогаш) не сме го бранеле Бранко, ама „скандали“ од жанрот кој со кого седи во кафана, генерално е тежок сељачизам.