Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Филипче ќе мобилизира против мигранти

9 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека Владата планира да прима мигранти во Македонија и алармира дека не смее да се дозволи тоа, пренесува Скопје1.мк.

  •  Тој најави „силна мобилизација во секој град, во секое село“ и посочи: „нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниту една цена, не сакаме да сме мека на мигранти, а гледаме што прават низ другите земји... насилства, протести, силувања, болести кои се донесени а се искоренети многу одамна“.

  • „Ќе го мобилизираме секој еден! Ќе следи силна мобилизација“, најавил Филипче.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
2

Три минути

Мешано
3

Што пејат бе овие?

Фудбал
4

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
5

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
6

Македонија до Колумбија

Разно
7

Има работа на кој му се седи

Канта
8

Нашата Евровизија

Музика
1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
3

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
4

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Бизнис
7

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
8

Почина легендарниот карикатурист Коракс

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тој стварно се мисли за Наполеон

Да се омажиш не е некое достигнување

Мајлс Дејвис и Ненси Реган

Кариера: Од дебелото црево до мозокот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy