Фекалии од луѓе
12 октомври 2022
- На прославата на 11 октомври во Куманово владината врхушка застана над коските на македонските партизани убиени од бугарскиот фашистички окупатор, и свесно одлучи да им се подлизува на наследниците на истиот овој окупатор целосно демолирајќи ја химната на македонското партизанско движење под која загинаа овие борци.
- На прославата е изведена искасапена верзија на „А бре, Македонче“ во која зборовите „клетите фашисти“ (во народот познати и како бугарски фашистички окупатор) вчера беа заменети со „душманите клети“.
- Песната е изведена од хор, што значи некој со месеци ја адаптирал, пишувал и вежбал фашистичко-угодна верзија.
- Во спомен коструницата во Куманово, каде се одржа прославата, се погребани останките на 300 борци загинати во Втората светска војна.